X
 28.03.2018 Живот

Новиот аеродром во Пекинг ги поместува границите помеѓу фантастиката и реалноста

1
Фото: Luo Xiaoguang Photography

Ако мислите дека вселенските бродови постојат само во научнофантастичните филмови, тогаш новиот аеродром во Пекинг може да ве премисли. Лоциран во јужното предградие Даксинг во Пекинг, новиот аеродром моментално се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста. Се очекува аеродромот да почне со работа во октомври 2019 година, а неговата цел е намалување на сообраќајот на пренатрупаниот главен меѓународен аеродром, кој се наоѓа во североисточното предградие на главниот град.

Новиот аеродром се протега на 313.000 квадратни метри, а терминалите ќе вклучуваат и ќе имаат капацитет за 620.000 лета на годишно ниво, заедно со 100 милиони патници и 4 милиони тони товар.

2
Фото: Luo Xiaoguang Photography

Интересно е тоа што ова го означува аеродромот како втор по големина во однос на капацитетот на патниците.

Изградбата на структурата на футуристичкиот стил на покривот започна во декември 2014 година, додека инженерските проекти се очекува да завршат 3 месеци пред оперативните тестови. Градежните материјали вклучуваат 52.000 тони челик, додека бетонот покрива 1,6 милион кубни метри.

3
Фото: Luo Xiaoguang Photography

„Проектот, кој се гради со проценета цена од 12,3 милијарди долари, ќе биде еден од најголемите во светот“, изјави кинеската Глобална телевизиска мрежа.

Новиот аеродром во Пекинг сè уште не е завршен, но сликите од него веќе можат да се најдат на социјалните мрежи, особено на „Твитер“.

4
Фото: Luo Xiaoguang Photography

Иако повеќето луѓе се импресионирани од структурата и сликите, други истакнуваат дека овие пари би требало да се искористат за милиони кинески луѓе што живеат под границата на сиромаштијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот