X
 18.04.2021 Живот

„Гугл ерт“ покажува колку се променила нашата планета во последните 37 години

„Гугл ерт“ во соработка со НАСА, Геолошкиот топографски институт на САД, сервисот за климатски промени „Коперник“ на ЕУ и лабораторија на Универзитетот „Карнеги Мелон“ претставува нова алатка за споредба на фотографии од површината на планетата.

Искористени се 24 милион сателитски фотографии направени во период од 37 години за да се направи алатката со која корисниците може да гледаат видеа од промената на локациите низ времето. Алатката нуди фотографски доказ за брзото менување на планетата. Растат градови, паѓаат дрвја. глечери се топат и расцепуваат.

- Може објективно да го гледаме глобалното затоплување со свои очи - изјавила Ребека Мур, директор на „Гугл ерт“.

Новата алатка се нарекува „Тајмлепс“ (англ. Timelapse) и претставува најголемото видео на планетата за чие процесирање се потребни 2 милиони часа. Тоа е еквивалентно на 530.000 видеа со висока резолуција.

„Гугл ерт“ планира да ја ажурира алатката еднаш годишно.

Автор: Ерик Ростон
Извор: bloomberg.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот