X
 18.04.2024 Живот

МОН: На 23 април и 7 мај ќе има настава, но во училиштата каде што ќе се гласа часовите ќе завршат во 11 часот

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамките на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, пишува во соопштението од МОН.

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде што не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Од МОН потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот