СКОПСКО продолжува со активностите во рамките на долгорочната платформа за општествена одговорност
„Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење, продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, „Пакомак“ и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел - заштита на животната средина и националните обележја.
Веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth во рамките на новата иницијатива за собирање средства. За секое продадено шише, 1 денар ќе биде наменет за организирање неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.
- Продолжува нашата посветеност на зачувување на нашите природни убавини. Фокусот на СКОПСКО како бренд е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да дејствуваат за да го направиме светот подобар. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина - вели Марта Завкова, сениор бренд-менаџер за СКОПСКО во „Пивара Скопје“.
Минатата година во рамките на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето, како и поставување пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за да се спречи загадувањето на езерото со пловен пакувачки отпад.
Како компанија ориентирана кон иднината, „Пивара Скопје“ со СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите што споделуваат слични вредности.
(Комерцијална објава)