X
 19.03.2019 Живот

Зур и Дим маркети во поддршка за 3 месечното скратено работно време на родителите што користеле породилно

Примерот за примена на 3-месечно скратено работно време на родителите што користеле боледување поради раѓање или мајчинство е пример на позитивност и значајност кој го поддржа и раководството на Зур и Дим маркети.

Како компанија која функционира повеќе од 17 години како Грандпром Зур (Дим) со повеќе од 20 продажни локации на Зур маркети низ територија на Скопје, и со над 270 вработени, од кои околу 210 се жени од различни годишни возрасти, сметаат дека вработените се најзначаен фактор за успехот и напредокот на компанијата.
 
„Одлуката да се приклучиме кон оваа кампања за скратено работно време по отсуство поради раѓање и мајчинство е уште еден доказ дека вработените се од голема вредност за компанијата и ние како компанија се гордееме со нив и нивните способности. Затоа би сакале да им овозможиме подобри услови во работата со кои би им обезбедиле напредок за градење кариера и подобар живот работејќи во нашата компанија (дома), а не надвор од републиката каде што секогаш би биле странци“, изјави Даниел Димовски, маркетинг-раководител во Зур маркети.
 
Тој додава дека акцијата вклучува скратено работно време во траење од 3 месеци за сите што користеле боледување поради раѓање и мајчинство, а притоа придонесите би им биле исплаќани како за полно работно време. Мерка која на вработените родители ќе им овозможи период за приспособување на работните задачи и усогласување на деловите и обврските како родители.
Оваа одлука за Зур и Дим маркети е уште една од повеќето измени што ќе следуваат во идниот период, ососбено во делот на грижа за вработените, зголемување на личниот приход, за стимулирање на задоволството и подобар статус на вработените.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот