Работниците во Шпанија во наредните две години ќе работат со скратена работна недела со еднаква плата како дел од мал пилот-проект.
Ова го објави државната телевизија РТВЕ, повикувајќи се на Министерството за индустрија.
Доколку резултатите од пробниот период, кој првично ќе трае две години, се позитивни, мерката може да се прошири и на други делови на пазарот на трудот.
За проектот се издвоени вкупно 10 милиони евра, а може да учествуваат мали и средни претпријатија со најмногу 249 вработени во производниот сектор.
Државата ќе им исплати најмногу 150.000 евра доколку го намалат неделното работно време за најмалку 10 отсто за 25 до 30 отсто од работната сила, во зависност од големината на компанијата.
Компаниите што ќе учествуваат мора да покажат и внатрешни организациски подобрувања во првата година од пробниот период, со цел да се подобри продуктивноста и да се компензира за повисоките дневници.
Компаниите можат слободно да одлучат дали ќе го намалат дневното работно време или ќе воведат четиридневна работна недела.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik