Сите оние кои изгубиле килограми знаат дека кога ќе се достигне целта, речиси исто е тешко да се задржи постигнатата линија, како и самиот процес на слабеење. Добивањето на плус килограми секогаш е полесно од губењето. Зошто е тоа така?
Прво, гладта на која сме изложени додека сме на диета го забавува нашиот метаболизам и не прави уште погладни. Неодамнешно тестирање на нов лек за дијабетес кој дејствувал на лачењето на глукоза во бубрезите, покажало дека луѓето кои го користат лекот, изгубиле само малку повеќе килограми од групата луѓе кои земале плацебо, бидејќи луѓето кои биле тестирани со лекот биле погладни. Тоа ги навело да изедат дополнителни 100 калории секој ден за секој килограм кој го изгубиле. Со други зборови, колку повеќе губите килограми, повеќе јадете, па по диетата, ги надополнуваме месеците на глад, со пообилно јадење.
Најдобро е да се избегнуваат тие брзи диети со кои се изгладнувате, а наместо тоа да се воведе здрава и балансирана исхрана.
Како втора причина може да се наведе и начинот на размислување. Повеќето луѓе гледаат на губењето килограми како на режим, па откако ќе завршат со диетата чувствуваат слобода да јадат повеќе.
Сепак, самоконтролата е есенцијална во процесот на
слабеење и одржување на килажата. Исто така, се препорачува вежбање, релаксација или социјализирање.