X
 19.06.2020 Култура

Забранети места што никогаш нема да имате можност да ги видите

Повеќето луѓе уживаат во патувања и сакаат да видат што повеќе места, но од различни причини некои дестинации за повеќето луѓе ќе останат мистерија. Кои се тие места погледнете во продолжение.

1. Островот на змиите, Бразил

1

Ilha Da Queimada Grande, познато и како Островот на змиите, се наоѓа во Бразил. Овој остров е дом на ендемски вид отровни златни змии кои произведуваат неверојатно смртоносен отров кој убил повеќе луѓе отколку кој било друг вид змии во Северна и Јужна Америка.

Златната змија е само еден од многубројните видови што живеат на овој остров, а бројот на неотровни не се знае. Се претпоставува дека една до пет змии живее на секој квадратен метар. Поради заштита, целосно е забранета посетата на овој остров.

2. Зелената линија на ОН, Кипар

2

Зад ограда од бодликава жица се наоѓа осамен аеродром покриен со прашина заедно со стар авион на пистата покрај напуштените домови и објекти. Ова е зелената линија на ОН што го сечи Кипар, делејќи го на независна Република Кипар и северниот дел од островот кој е под турска окупација.

Во 1974 г. владата на Грција спонзорира обид за соборување на избраниот претседател на Кипар. Турција одговори со воена интервенција и оттогаш контролира повеќе од една третина од островот. Поделбата продолжува и денес, со помош на контролирана зона на Обединетите нации што го пресекува островот, раздвојувајќи го северниот дел на кипарските Турци од југот на кипарските Грци.

Изолиран и празен, аеродромот е во внатрешноста на тампон-зоната позната како зелена линија. Пристапот до него е строго ограничен бидејќи е дел од поширокиот комплекс во кој се сместени седиштата на мировните сили на ОН.

3. Oбласт 51, САД

3

Ова е една од најчуваните воени бази во пустината Невада во САД. Теоретичарите на заговор често тврдат дека целта на оваа област е испитување на вонземни летала, состаноци со вонземјани и други теории.

Вистинската причина за постоењето на Област 51 и понатаму е мистерија. Обидот за влегување е невозможен бидејќи местото е опкружено со предупредувања на кои пишува дека обезбедувањето има право да примени смртоносна сила ако некој инсистира на неовластено влегување.

4. Островот Северен Сентинел, Индија

4

Северен Сентинел е дел од Андаманскиот Архипелаг во Бенгалскиот Залив. Овој остров е дом на најизолираниот народ во светот. Племето го нарекуваат Сентинел според островот затоа што никој не знае како самите тие се нарекуваат, ниту пак за нив има некакво име дадено од соседите.

Формално, островот за кој се претпоставува дека е населен веќе 60.000 години ѝ припаѓа на Индија, но таа  го користи својот суверенитет само за да обезбеди изолација. За жителите не се знае речиси ништо. Многумина се обиделе да комуницираат со нив, но сите потенцијални посетители што Индија не ги протерала биле протерани од домородците, кои не сакаат никаков контакт со странците. Се проценува дека на островот живеат од 50 до 400 луѓе. Го напаѓаат секој што ќе им се приближи.

Она што се знае е дека Сентинелите се единственото преостанато преднеолитско племе во изолација. Сите други примарни цивилизации на светот барем „стапнале“ во помлада камена доба, но не и тие.

5. Големиот храм Исе, Јапонија

5

Јапонија е дом на храмови. Со оглед на тоа дека има 80.000, може да се каже дека тие се важен дел од јапонската култура. Но, постои еден поважен од сите други -  Исе, украсен храм кој поради својата комплексна архитектура е најскап во Јапонија.

Храмот не може да го посети обичниот човек. Услов за посета е да припаѓате на јапонското кралско семејство.

5. Островот Херд, Австралија

5

Овој остров се наоѓа некаде помеѓу Мадагаскар и Антарктикот, но технички ѝ припаѓа на Австралија. Островот има 41 глечер и два вулкани кои се активни. Во 2000 година од југозападната страна на еден од вулканите избувнала лава во висина од 2 километри. Како тоа да не е доволно, и временските услови се прилично лоши, со брзи ветрови и обилни врнежи од дожд. Освен тоа, ако планирате да го посетите островот, потребни се најмалку две недели пловење, што го прави едно од најнепристапните места во светот.

7. Тајните архиви на Ватикан, Ватикан

7

Официјално се тврди дека тајните архиви на Ватикан содржат историски артефакти стари повеќе од 12 века. Пространата архива од 85 километри е дом на импресивни колекции, вклучувајќи и писма од Микеланџело. Ова би можело да биде најголемата колекција на историски предмети во светот, а сепак до неа имаат пристап само бал број луѓе.

8. Гробницата на првиот кинески цар, Чин Ши Хуанг, Кина

8

Сигурно сте слушнале за фамозната подземна војска, едно од најневеројатните археолошки откритија на сите времиња. Иако илјадници туристи го посетуваат ова древно место, многумина не знаат дека под нив е закопан царот, во сопствен мавзолеј, опкружен со ретко отровна жива.

Тука се наоѓаат и телото и тајните на првиот кинески цар. Никогаш никој не влегол внатре.

9. Oстровот Суртсеј, Исланд

9

Островот Суртсеј е мал вулкански остров кој му припаѓа на Исланд и е дом на различна флора и фауна, поради што е значајна дестинација за научниците кои собираат информации за растителниот и животинскиот свет.

Правилата за посета на островот биле полабави пред 60-тите години. Но, еден научник извршил нужда на магматски камен, а неколку недели подоцна на истото место почнал да расте домат, зачудувајќи ги научниците. По долго размислување, конечно сфатиле од каде доаѓа доматот и веднаш го уништиле. Затоа сега бројот на посетители е стриктно ограничен, за да се избегне вознемирување на оваа природна лабораторија.

10. Островот Норт Брадр

10

Островот е дом на болницата Риверсајд. Првобитно е користена како место за карантин за луѓето заболени од туберкулоза, жолта треска и сипаници во 19 век, а за време на Втората светска војна тука биле сместени ветераните. Подоцна служела како центар за третман на зависници од хероин.

Денес е напуштена и се распаѓа, а може да влезат само оние со писмена дозвола од Одделението за паркови и рекреација на градот Њујорк.

11. Межгорје, Русија

11

Излегува дека Русија има сопствена Област 51, само во овој случај тоа е цел град. Межгорје се наоѓа длабоко во планината Урал. Кремљ тврди дека тоа е само рудник, но не објаснува зошто е опкружен со вооружени чувари кои ќе применат сила за да спречат приближување до градот.

12. Нихау, САД

12

Мистериозниот остров Нихау на Хаваите се нарекува и „Забранетиот остров“, а е во сопственост на едно семејство повеќе од 150 години. Единствено тие имаат пристап до островот, чие сопствеништво се пренесува од колено на колено, откако бил купен во 60-тите години на 19 век.

13. Сефот со рецептот за „кока-кола“, САД

13

Рецептот за нашиот омилен пијалак е една од најчуваните тајни на светот. Се тврди дека само двајца луѓе во светот знаат за овој рецепт и тие никогаш не смеат да летаат со ист авион, во случај да падне.

Резервниот план, во случај да се случи некоја катастрофа, е сефот во кој се наоѓа мистериозната формула во Атланта.

14. Пештерата Ласко, Франција

14

Во оваа пештера се наоѓаат повеќе од 600 цртежи од палеолитот, за кои се смета дека се стари повеќе од 20.000 години. За жал, пештерата претходно била отворена за посетители, но во 1963 е затворена поради инфекција со микробиолошки и габични форми што на пештерата оставаат црни дамки.

15. Црквата „Света Марија“ од Сион, Етиопија

15

Изградена во 4 век, се смета дека во црквата се наоѓа ковчегот на заветот кој ги содржи 10. Божји заповеди. Само една личност смее да го види ковчегот - посебен монах-чувар кој е назначен од неговиот претходник. Никој друг не смее да се приближи до црквата.

16. Вомера, Австралија

16

Мал број места на Земјата се поопасни од ова место - најголемата област за тестирање оружје во светот. Местото се наоѓа во срцето на најзафрлените делови на Австралија и се протега на површина од 127.000 квадратни километри. Пристап имаат само неколку луѓе.

Законите на Австралија го штитат ова место и забрануваат пристап.

Извор: Lola Magazin
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура