X
 20.10.2022 Здравје

Хемикалиите за исправување на косата го зголемуваат ризикот за рак на матката

Ново истражување спроведено од истражувачи од американските Национални институти за здравје покажува дека средствата за хемиско исправување на косата се поврзани со зголемен ризик за рак на матката.

Научниците следеле 33.947 жени на возраст од 35 до 74 години во период од 11 години. Во текот на овој период 378 жени добиле дијагноза рак на матката. Истражувањето покажало дека жените што често користеле хемикалии за исправување на косата (повеќе од 4 пати годишно) имале 155 отсто поголеми шанси да заболат од рак на матката во споредба со жените што не користеле вакви хемикалии.

- Проценуваме дека 1,64 отсто од жените што никогаш не користеле исправувачи за коса заболуваат од рак на матката до 70-годишна возраст, но за честите корисници, ризикот се зголемува на 4,05 отсто - изјавила Александра Вајт, главен автор на истражувањето.

Ракот на матката е релативно редок бидејќи случаите на овој рак се само 3 отсто од вкупните случаи на рак. Меѓутоа, тој е еден од најчестите видови рак на женскиот репродуктивен систем.

Претходно истражување покажало дека случаите на ракот на матката се зголемуваат во САД, особено кај Афроамериканките.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје