Истражувачи од Мексико тврдат дека откриле лек за хуман папилома вирус (HPV — Human Papillomavirus) што може да го намали појавувањето на рак на матката кај жените.
Ева Рамон Гајегос и нејзиниот тим успешно го елиминирале вирусот кај 29 пациенти. Третманот се состои од користење фотодинамична терапија, која вклучува пиење лек и користење одреден тип светлина за третирање разни делови од телото.
Гајегос ги истражувала ефектите на фотодинамичната терапија две децении за да најде подобри третмани за различни видови тумори.
Во последното истражување нејзиниот третман со фотодинамична терапија успешно го отстранил вирусот кај сите пациентки што немале премалигни лезии на рак на грлото на матката, кај 64,3 % од пациентките што имале ХПВ и премалигни лезии и кај 57,2 % од пациентките што имале лезии без ХПВ. Терапијата немала никаков несакан ефект врз телото.
- За разлика од други третмани, овој само ги отстранува оштетените клетки и не влијае врз здравите структури. Затоа има голем потенцијал да ја намали стапката на смртност од рак на матката - објаснила Гајегос.
Извор:
Science natures
Насловна фотографија: Pixabay