X
 24.11.2020 Здравје

Во последната недела: Најмногу заболени од Ковид-19 се од Скопје, а позитивни биле 38 % од тестираните

Пациенти над 60 години се евидентирани како најмногу заболени од SARS-CoV-2 во изминатава недела, а голем број заболени се евидентирани и на возраст од 40 до 49 години, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Скопје и натаму е со најголем број нови случаи и највисока инциденца. Извештајот се однесува на периодот од 16 до 22 ноември.

Во овој период биле тестирани вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Ова е за 6,3% помалку во споредба со минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 града во државата, а бројката е за 1,8% повисока во споредба со минатата седмица. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е група на лица на возраст над 60 (24,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи 40-49 (20,0%), 30-39 (19,7%), 50-59 (18,0%) и 20-29 (13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (1,6%) и 10-19 години (3,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол. По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.

- Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во споредба со минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50 до 59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7% - велат од ИЈЗ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје