X
 21.10.2016 Живот

Екхарт Толе: „Главната причина за незадоволство не е лошата ситуација, туку мислите за таа ситуација“

Многумина се држат до она што е веќе познато и не ги разгледуваат ни алтернативите за промена, но болката при напуштање на познатата ситуација значи дека со искуство го потполнуваме нашето емотивно ниво.

Екхарт Толе е познат како еден од најоригиналните и најинспиративни духовни учители на ова време. Неговите длабоки, но едноставни техники веќе им помогнале на многу луѓе низ светот што се во потрага по внатрешен мир.

Овие негови инспиративни реченици искористете си како насока за тоа како да постигнете да живеете во сегашниот миг:

„На прв поглед, некои промени изгледаат негативни, но тие создаваат неопходен простор за доаѓањето на нови нешта.“


Ако сте човек што се плаши од промени, Екхарт Толе потсетува дека сѐ на светот се менува, иако често тоа не се прифаќа: идеите, односите со другите, пријателите и вие самите. Многумина се држат до она што е веќе познато и не ги разгледуваат ни алтернативите за промена, но болката при напуштање на познатата ситуација значи дека со искуство го потполнуваме нашето емотивно ниво. Пробајте да не гледате на промените како на нешто лошо. Наместо тоа, зграбете ја новата енергија и новата прилика и живејте ја со уживање.

„Морате длабоко во себе да сфатите дека сегашниот момент е сѐ што имате. ‘Сега’ е централната точка во Вашиот живот.“

Луѓето многу време минат грижејќи се за иднината  и го забораваат она што го имаат. Според Толе, не треба да престанете да мислите на иднината, тоа се Ваши планови и цели, а имате и потполно право да ја земете судбината во свои раце. Но, притоа, не треба да заборавите да живеете во сегашниот миг: минете време со децата, партнерот, пријателите, уживајте во пладневното кафе или во вашата самотија, правете ги нештата што Ве исполнуваат. Животот е сега.

„Прифати сѐ. Што и да ти понуди сегашноста, прифати го тоа како да е твој избор. Работи со она што го имаш и не се спротивставувај.“

Жалењето е една од најлошите навики. Недостигот од нешто што се сака и жалењето за истото придонесува да се фокусирате на нештата што ги немате и да трошите енергија за нив наместо да размислите како нештата да ги добиете. Сегашноста нуди некакви избори. Фокусирајте се на тоа што најмногу Ви одговара и дејствувајте за тоа нешто. Перцепцијата ќе почне да Ви се менува штом енергијата ја насочувате кон она малку што го имате, кон позитивното и афирмативното, а со тоа и ќе Ви се отвараат можности и за другите нешта што ги сакате, а ги немате. 

„Главната причина за незадоволството не е лошата ситуација, туку Вашите мисли за таа ситуација.“


Можеби верувате дека нема ништо добро во овој момент и тоа Ве прави несреќни. Екхарт Толе нè потсетува на она што и науката веќе го објаснува: секој од нас ги креира својата среќа и трагедија. Можеби сте убедени дека немате ништо и дека не постои ништо добро, но во секоја ситуација и во секој момент постои нешто што ја потврдува вредноста на животот. Ако Ви е тешко да верувате, обидете се секој ден да запишувате по 2-3 нешта за кои сте благодарни. По некое време ќе сфатите дека нештата не се црни како што Ви изгледале. Мислите во голема мера ја креираат вашата реалност.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот