X
 21.12.2022 Живот

Во 218 населени места има помалку од 10 жители, 205 се празни, Аеродром е најнаселен - нови податоци од пописот

Државниот завод за статистика објави нов сет на пописни податоци. Тие покажуваат дека во периодот на спроведување на пописот во 2021 г., во Македонија има вкупно 1.781 населено место, а 205 се празни населени места.

Во главниот град Скопје живеат 526.502 жители, 171.171 домаќинство и има 213.850 станови.

Населено место со најголем број жители е Скопје - Аеродром со 75.108 жители, а потоа следуваат градовите: Куманово со 75.051 жител, Битола со 69.287 жители, Прилеп со 63.308 жители, Тетово со 63.176 жители итн.

684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.

Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во населеното место Скопје - Аеродром - 27.026, па следуваат градовите: Битола со 24.974, Куманово со 23.451, Прилеп со 22.763, Тетово со 17.948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства.

Најмногу станови има во населеното место Скопје - Аеродром - 34.415, а во 116 населени места има помалку од 10 стана.

Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Скопје - Чаир, Скопје - Аеродром и градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје - Карпош, Скопје - Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот