X
 22.05.2023 Живот

Популацијата на диви видови се намалила за 69 отсто од 1970 година

Светската организација за заштита на природата (WWF), денеска на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, предупреди на драматичното опаѓање на биодиверзитетот во светот и повика да се преземат итни конкретни мерки за да се запре овој тренд.

Според последниот извештај на организацијата за состојбата на планетата, популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 отсто од 1970 година.

Од организацијата потсетуваат дека пред половина година беше усвоена Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал, која го обврза светот да го запре и да го врати губењето на биолошката разновидност до 2030 година.

Според извештајот, популацијата на дивите видови е намалена во просек за 69 проценти од 1970 година, додека пред нешто повеќе од една деценија извештајот покажа дека популацијата на видовите се намалила за околу 30 проценти во однос на 1970 година.

Денес е особено алармантно за популацијата на слатководните видови кои се намалени за 83 отсто во однос на 1970 година, се наведува во соопштението.

Од организацијата посочија дека биодиверзитетот е мрежа на животот на Земјата.

Како што е наведено, 80 проценти од луѓето кои живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални хербални лекови за основни здравствени потреби.

Повеќе од 70 отсто од природните површини се претворени во обработливо земјиште.

На глобално ниво, 40 отсто од храната произведена на овие обработливи површини се фрла, што покажува дека мрежата на животот во таа област е уништена за ништо, велат од организацијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот