Има 9 пати помалку студенти за наставници по физика и по хемија отколку за учители, министерката Јаневска најави промена на квотите за упис на факултетите
Според податоци на Државниот завод за статистика, студенти на додипломски студии во 2023/2024 на ПМФ по наставна математика биле 60, наставна физика 13, исто толку на наставна хемија, а по биологија за наставни кадри во средно училиште 59. На Педагошкиот факултет во Скопје лани студирале 112 студенти на одделенската настава по македонски јазик, а за учители на Педагошкиот факултет во Битола 80.
Меѓународните тестови ги збунуваат и ги демотивираат македонските ученици, велат просветни работници што имале искуства со ТИМСС и ПИСА-тестирања
Меѓународните тестови што се применуваат во нашите училишта за да се измерат знаењата на учениците, како што се ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) во основно и ПИСА (Programe for International Student Assessment) во средно образование, доведуваат до збунетост кај учениците, разочараност и демотивираност, велат просветни работници што имаат искуства со ваквите тестирања.
Ања Николова магистрира на „Јејл“ и денес работи со светски познати компании: „Обожавам да доаѓам дома, a и магистерската теза ми беше за македонскиот мед“
Ања Николова учела на едни од најдобрите светски образовни институции во Англија, Италија и САД, магистрирала двапати - на „Јејл“ и на Универзитетот во Пенсилванија, а денес работи во банка во Њујорк каде што соработува со брендовите Лореал, Пепси, Ролекс, Џонсон и Џонсон, Најк и други.