X
 23.05.2023 Култура

Ова се 25. најубави градови во светот - најблиску до совршенство и математички и естетски

Патувањето отсекогаш било неодолива авантура во која се откриваат нови места, култури и нови искуства. Кога избираме дестинација за нашето следно патување или одмор, често сме водени од нашата лична перцепција за убавината. Како што вели познатата поговорка - убавината е во окото на гледачот.

Секој од нас има свои уникатни преференции кога станува збор за она што го сметаме за убаво. За некои тоа може да бидат недопрени песочни плажи, за други прекрасни планински врвови или богата историска архитектура. Сепак, иако убавината е субјективна, постојат дестинации кои ги освоија срцата на многумина и стекнаа репутација на вистински бисери на нашата планета.

Во обид да обезбедат пообјективен поглед на убавината на дестинациите, истражувачите започнаа предизвикувачко истражување. Фокусирајќи се на различни аспекти, од архитектура до природни пејзажи, тие ги анализираа пропорциите, симетријата и хармонијата за да откријат кои места се издвојуваат како извонредно убави.

Еден од најчестите пристапи за мерење на убавината е употребата на златниот пресек. Оваа математичка врска, заснована на пропорциите помеѓу две големини, се користи како мерка за хармонија и естетска привлечност. За да ја проценат близината на објектот до златниот сооднос, истражувачите се потпираат на споредување на податоци како што се должината и ширината на визуелната слика.

1
Фото: Pixabay

Светски дестинации кои се најблиску до златниот пресек

Аналитичарите прво користеа слики на „Гугл стрит вју“ од градови низ светот, како и фотографии од стотици станбени улици и околу 2.400 згради. Потоа ги пресметале пропорциите на сите овие структури за да откријат колку се блиску до златниот пресек.

Ако сте личност која претпочита математичко совршенство при планирањето на патувањето, најдобар избор е Италија: прва се истакна Венеција со резултат од 83,3 отсто, додека Рим го зазеде второто место со 82 отсто. Фиренца е на 13. место. Франција може да се пофали со три града во топ-25: Бордо, Париз и Стразбур.

1. Венеција, Италија - 83,3 отсто
2. Рим, Италија - 82 отсто
3. Барселона, Шпанија - 81,9 отсто
4. Прага, Чешка - 78,7 отсто
5. Њујорк, САД - 77,7 отсто
6. Атина, Грција - 77,5 отсто
7. Будимпешта, Унгарија - 75,9 отсто
8. Виена, Австрија - 75,8 отсто
9. Бордо, Франција - 75,3 отсто
10. Милано, Италија - 75,1 отсто
11. Стокхолм, Шведска - 74,8 отсто
12. Париз, Франција - 74,7 отсто
13. Фиренца, Италија - 73,6 отсто
14. Тел Авив, Израел - 73,6 отсто
15. Копенхаген, Данска - 73,2 отсто
16. Маракеш, Мароко - 72,7 отсто
17. Чикаго, САД - 71,7 отсто
18. Амстердам, Холандија - 71,7 отсто
19. Берлин, Германија - 71,3 отсто
20. Истанбул, Турција - 70,2 отсто
21. Санкт Петербург, Русија - 69,2 отсто
22. Стразбур, Франција - 69,1 отсто
23. Дубаи, Обединети Арапски Емирати - 67,6 отсто
24. Мајами, САД - 63 отсто
25. Пекинг, Кина - 55,6 отсто

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура