1. Премалку сон
Еден од главните непријатели на нормалното функционирање секако е лошото спиење. Недостатокот на сон нè прави бавни и безволни, без доволно енергија, па затоа е време да почнете да одите во кревет порано од вообичаеното.
2. Живот во минатото
Крајно време е да престанете да се вознемирувате околу работи врз кои не можете да влијаете. Прифатете ги такви какви што се и почнете да учите од своите грешки. Тоа е единственото што го можете.
Фото: Freepik
3. Премногу анализирање
Колку често се „фаќате“ како размислувате за тоа што сте кажале или направиле и дали сте можеле нешто да направите поинаку? Ако одговорот е „често“, очигледно е дека наоѓате проблеми таму каде што не постојат. Најчесто вие сте единствениот/ата кој/а ги забележал/а тие работи па затоа е време да се олабавите.
4. Негативни работи
Секогаш ќе има некои лоши денови. Но, луѓето кои постојано се грижат за сите работи, имаат тенденција да се концентрираат исклучиво на негативните работи. Но, дури и во такви денови, постојат некои позитивни аспекти за кои би требало да водите сметка, доколку сакате да го сочувате здравиот разум.
5. Постојано кукање
Понекогаш сè што ни треба е разговор со блиска личност за тоа што нè измачува. Но, притоа би требало да се следи принципот: ќе го тргнам товарот од плеќите и ќе продолжам понатаму, а не постојано да се зборува на таа тема.
6. Сè сакате да направате сами
Луѓето кои се под константен стрес се луѓе кои мислат дека работата ќе биде најдобро завршена ако ја направат самите. Но, за жал, денот има само 24 часа и најчесто е прекраток за да можете сето тоа да го реализирате сами. Некои луѓе можат пријатно да ве изненадат, доколку им го дозволите тоа.
7. Одолговлекување
Одолговлекувањето е она што води кон паника. Испланирајте дел од своето време и стриктно почитувајте го распоредот, за да можете во иднина да ги избегнувате таквите работи.