X
 23.11.2020 Живот

Мурал што испраќа силна порака и го намалува загадувањето на воздухот во Рим

Дали постои мурал што испраќа силна социјална порака, а истовремено е добар за животната средина?  Нов мурал во Рим со почит кон ЛГБТ-заедницата го прави тоа.

Огромната слика во главниот град во Италија, Рим, прикажува жена како стои пред огледало и го гледа својот одраз како маж. Сликата е базирана на серија интервјуа што холандската уметница Џудит де Луив ги извршила со членовите на ЛГБТ-заедницата.

- Станува збор за чувството на прифатеност низ кое тие поминуваат. Голем дел од времето тие се чувствуваат несфатени, многу луѓе не ги разбираат своите емоции и минуваат низ големи емотивни страдања во периодот кога треба да прифатат кои се - вели Џудит де Луив.

Но, муралот е повеќе отколку што гледа окото.

Организацијата што го финансирала вели дека употребила италијанска боја наречена „ерлит“ што содржи специјални соединенија кои апсорбираат и го елиминираат загадувањето од воздухот преку хемиска реакција слична на фотосинтезата кај растенијата.

- Во моментот кога светлината ќе удри на површината, оваа технологија е способна да ги апсорбира и неутрализира загадувачите - вели Вероника де Ангелис, основач на „Јорбан2030“ што делумно го финансираше проектот.

Муралот може да го апсорбира загадувањето генерирано од 52 автомобили на дневно ниво.

„Јорбан2030“ го нарачала својот мурал користејќи ја истата боја и пред две години, кога миланската улична уметница Иена Круз го претстави своето дело „Лов на загадувањето“, кое се протегало на 1.000 квадратни метри, на седумкатница во главниот град.

Извор: Euronews.com
Фото: Screenshot/Euronews
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот