X
 24.01.2021 Наша тема

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Кој е автор на првата верифицирана училишна граматика во асномска Македонија?

Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана долг период во минатото.
За прва печатена граматика на македонскиот јазик се смета „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски.

Првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, верифицирана и влезена како учебник во училиштата е на Круме Кепески и е издадена во 1945 година, веднаш по стандардизирањето на јазикот.

-Граматиката била за основните училишта, но се користела и во средно образование се до подготовка на посебен учебник за средното образование - објаснува проф.д-р Људмил Спасов од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Со решение од тогашното Министерството на народната просвета на Македонија бр. 343, на денешен ден во 1946 година, била одобрена граматиката за учебник во средните училишта.



„Една од најглавните црти и белези на народноста е јазикот. По него најлесно се познаваат народите. Секој народ си има свој јазик, како средство со кое што си ѓи искажуе своите мисли, чувства или желби. Македонците си имаат свој јазик - македонски, Србите - српски, Русите - руски, Французите - француски итн“, стои на почетните страни во првата верифицирана училишна граматика.
Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема