Владата одлучи дозволите за движење во време на полициски час да се издаваат само на онлајн-медиумите од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија
Владата да ја преиспита одлуката да се издаваат дозволи за работа на новинарите во време на полициски час само за новинари од онлајн-медимите кои се членки на регистарот на ЗНМ, бараат од
ИАБ Македонија.
Тие испратија реакција до Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА).
- Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и на Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлјан-медиуми и не ги содржи сите онлајн-медиуми во Македонија. Постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, на пример, регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписници се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми - вели Сашка Николова, претседател на ИАБ Македонија.
Оттаму додаваат дека дополнително, постојат и регистрирани онлајн-медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн-медиум согласно важечките закони.
- Затоа, ве замолуваме да ја преиспитате вашата одлука и да се овозможи доделување дозволи за сите онлајн-медиуми што се регистрирани како правни лица во Македонија и имаат импресум - стои во реакцијата до МИОА.