X
 24.09.2018 Живот

Пред седум години итно ѝ требале приходи, па основала компанија за одржување гробови

Сите знаеме дека ќе дојде тој повик - оној кога ќе ни јават дека некој наш близок починал, но никогаш не сме подготвени за него. Но, понекогаш таквиот повик може да ви го промени животот. Ѝ го променил животот на Елизабета Планиниќ. Нејзината мајка починала ненадејно и тоа ѝ го променило животот. И тогаш од една тажна приказна, длабока емоција и голема болка се родила една среќна приказна и една убава и хумана работа - чувар на сеќавањата.

Елизабета го основала првиот и единствен сервис за одржување гробови, па за оние што не се во можност (бидејќи живеат во друга држава, бидејќи се немоќни...) ќе го исчисти гробот на нивните блиски, ќе однесе свежо цвеќе и ќе запали свеќа во знак на сеќавање. Елизабета е родум од Македонија, но веќе 20 години живее во Хрватска. Таа знаела колку тоа им е важно на луѓето бидејќи и самата се нашла во ситуација да не може редовно да оди на гробот на мајка си.

Нејзината приказна е прилично инспиративна и ако за некоја работа може да се каже дека е добра, тогаш тоа е нејзината. Освен поради иновативноста и фактот дека еден ден сите ќе умреме, бизнис-моделот всушност е фантастичен: иницијалните вложувања се мали, речиси и никакви, трошоците не се фиксни, а компанијата од година на година сè повеќе расте.

Фото: Novac

Елизабета учела за медицински техничар. Меѓутоа, како што вели таа, професијата те одбира тебе, а не ти неа, па така таа денес е успешен претприемач. Само што не можела ни да претпостави дека смртта на мајка ѝ ќе ја одведе во претприемништво. Тоа е тој повик за кој зборуваме, кој ја менува насоката на животот.

За да ја прочитате целата приказна на оваа Македонка, која на 22 години се преселила во Загреб каде што „морала одново да се роди“, кликнете тука.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот