X
 24.11.2024 Здравје

Путер од кикиритки или путер од бадеми - кој е поздрав?

Путерот од кикиритки и путерот од бадеми имаат сличности - можат да се консумираат на ист начин, главна состојка се јаткасти плодови и се добар извор на протеини и масти, здрави за срцето. Се покажало дека луѓето што вклучуваат јаткасти плодови или путер од јаткасти плодови во нивната исхрана го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Што содржи путерот од бадеми?

- Путерот од бадеми е направен од мелени бадеми и содржи мононезаситени масти кои се здрави за срцето. Ова значи дека може да помогне во намалувањето на „лошиот“ ЛДЛ холестерол и да спречи кардиоваскуларни болести - вели Лена Баковиќ, диететичар и нутриционист.

- Здравите масти, исто така, можат да ви помогнат да се чувствувате сити без скок на шеќерот во крвта што доаѓа од јадењето јаглехидрати, што може да доведе до помала желба за храна подоцна - вели Стивен Вогел, доктор на науки, лекар за семејна медицина.

Други придобивки од путерот од бадеми: тој е добар извор на протеини, го поттикнува растот и развојот и содржи влакна кои промовираат ситост. Може да биде и добра алтернатива за оние што имаат алергија на кикиритки. Една од лошите страни на путерот од бадеми е тоа што генерално е многу поскап од путерот од кикиритки.

Путер од кикиритки

Путерот од кикиритки е честа состојка во грицките и сендвичите. Повеќето од клучните хранливи материи се речиси идентични во двата путери. Дури и содржината на маснотии е слична, но видовите маснотии се различни, а тоа е важна разлика помеѓу бадемот и путерот од кикиритки.

- Поголем процент на поздрави (незаситени) масти наместо нездрави се наоѓаат во путерот од јаткасти плодови, како што е путерот од бадеми, за разлика од путерот од кикиритки - вели д-р Фогел.

Разликата во заситените масти е мала, вели д-р Фогел, но треба да се реши бидејќи „консумирањето многу заситени масти се покажало дека малку го зголемува ризикот од коронарна артериска болест, срцев удар и мозочен удар“.

Сепак, иако путерот од бадем има малку посилен нутритивен профил од путерот од кикиритки, за оние што го претпочитаат вкусот на кикиритките или сметаат дека путерот од бадем е скап, путерот од кикиритки сепак е добра опција, вели Џеси Андерсон, диететичар и нутриционист.

Нутриционистички факти: путер од бадем против путер од кикиритки

Путер од бадеми (2 лажици)

калории 196,4 kcal
масти 17,8 г
протеини 6,7 г
јаглехидрати 6 г
влакна 3,3 г.

Путер од кикиритки (2 лажици)

калории 191 kcal
масти 16,4 г
протеини 7,1 г
јаглехидрати 7,1 г
влакна 1,6 г.

Интересно е тоа што и покрај калориската густина на јаткастите плодови (а со тоа и путерот од јаткасти плодови), нема докази кои ја поврзуваат потрошувачката на јаткасти плодови со зголемувањето на телесната тежина. Всушност, еден преглед открива дека јаткастите плодови можат да бидат корисни за контрола на тежината и може да помогнат да се спречи долгорочното зголемување.

Како да го вклучите путерот од бадем во исхраната


Баковиќ вели дека путерот од бадем е похранлив од путерот од кикиритки. Покрај идеите за тоа како да го вклучиме во нашата исхрана, таа нуди неколку професионални совети:

- Додајте го во вашето смути, овесна каша или пудинг од чија семе. На овој начин ќе ја зголемите дозата на протеини и влакна.
-Обидете се да го направите сами. „Единствениот уред потребен за да направите путер од јаткасти плодови е блендер. Ако сами правите путер, можете да го зачините со цимет и умерени количини сол и шеќер.
-Намачкајте го врз овошјето. Секој путер од јаткасти плодови врз јаболко, банана или друго овошје прави хранливо богата закуска.

-Кога купувате, внимавајте на декларацијата. Изберете путер од јаткасти плодови кои немаат додадена сол, шеќер (вклучувајќи сируп од пченка со висока фруктоза, мед, агава или меласа), или палмино или хидрогенизирано масло бидејќи тие го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и придонесуваат за зголемување на телесната тежина. Ако списокот со состојки вели 100 проценти јаткасто овошје без ништо друго додадено, тоа е знак дека сте избрале путер од јаткасти плодови, богат со хранливи материи.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје