X
 25.06.2023 Здравје

Загубата на Y хромозомот го забрзува ширењето на ракот кај мажите

Научници од медицинскиот центар „Цедарс Синаи“ во Лос Анџелес го напишале првиот труд во светот кој открива врска помеѓу губењето на Y хромозомот и имунитетот на рак кај мажите.

Според трудот, како што стареат, некои клетки во телото на мажите, како белите крвни клетки, го губат Y хромозомот, што им овозможува на канцерогените клетки да го одбегнат имунолошкиот систем и да предизвикаат рак на мочниот меур.

- Ние сме првите што покажавме дека губењето на Y хромозомот кај ракот може да го промени имунолошкиот одговор на една личност на таков рак. Во основа, Y хромозомот го регулира имунитетот на ракот - изјавил Ден Тореску, истражувач.

Меѓутоа, губењето на Y хромозомот ги прави пациентите подобри кандидати за терапија со инхибитор на имунолошкиот контролен пункт, кој е популарен третман за рак на мочниот меур, според Тореску.

Мажите имаат XY како полови хромозоми, а жените имаат XX. Кога истражувачите велат дека мажите ги губат Y хромозомите со возраста, тие не мислат дека мажите ги губат сите полови хромозоми. Оваа загуба на Y хромозомот поврзана со возраста е ограничена само на некои клетки.

Сепак, претходни студии навестуваат дека оваа промена има длабоки импликации. На пример, околу 10 до 40 отсто од случаите на рак на мочниот меур се кај мажи кои страдаат од губење на Y хромозомите во нивните бели крвни зрнца, според истражувачите. Оваа загуба исто така се поврзува со поголем ризик од рак, срцеви заболувања и невролошки заболувања. Сепак, до сега, никој не можело да објасни како хромозомот Y влијае на имунолошкиот одговор на телото.

Авторите на студијата сега планираат да ја покажат релевантноста на нивните наоди за повеќе видови рак.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје