X
 25.04.2024 Технологија

Кинески научници планираат да користат чипови од „Нвидија“ за хиперсонични ракети?

Истражувачите во Кина покажале како теоретски може да се користи евтиниот модул „Нвидија Џетсон“ за контрола на хиперсоничното оружје.

Исто така, никој сериозно не сугерира дека Кина има потреба од математички акцелератори од високата класа на „Нвидија“ (кои се блокирани за извоз) за директно да го контролира своето оружје. Наместо тоа, се чини дека овој напор покажува оти сè уште можат да се постигнат многу интересни работи со неограничен силикон на „Нвидиа“ , како што е потенцијалното правење летечки проектили.

Истражувањето произлегло од заедничкиот проект помеѓу Институтот за истражување на моќни машини во Пекинг и Технолошкиот универзитет „Далијан“, а било објавено во „Пропулсион технологија“, кинеско академско списание.

Истражувачите откриле дека модулот „Џетсон“ е способен да обработува модели за пресметковна динамика на течности со висока ефикасност, давајќи резултати за 25 милисекунди, што го прави идеален за нивниот проект. Професорот Сан изјавил дека модулот „TX2и“ не само што може да ги зголеми досегот и стабилноста на хиперсоничните авиони, туку може и значително да ги намали трошоците за истражување и развој.

Од „Нвидија“ одбиле да коментираат. Нема сугестии дека модулите ќе се користат за оваа воена намена, но како што сугерира изворот, кинеските домашни производители на силикон може да испорачаат чипови кои ги надминуваат „TX2и“. Ова би ги избегнало грижите за (не)сигурноста од синџирот на снабдување.

Се чини дека намерата на истражувачите била да ја докажат изводливоста за користење евтин чип за хиперсонично оружје, без оглед на тоа каде ќе се произведува силиконот, па и дека не мора да се користат најсовремени компоненти.

За сите хиперсонични ракети, Кина може да користи различни видови хардвер за обработка и не мора да се потпира исклучиво на платформата „Џетсон“.

Извор: tportal.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија