„Паметна тула“ што чини половина евро може да се користи за чување електрична енергија како батерија. Ова може да биде главниот градежен материјал во иднина, велат истражувачи од Универзитетот „Вашингтон“.
Црвените тули се еден од најевтините и најчести градежни материјали што се користат во светот денес, но тие се користат на ист начин илјадници години.
Истражувачите додале слој од полимери што спроведуваат струја на тулите и со тоа ги трансформирале во уреди за складирање електрична енергија. Една тула може да напојува една ЛЕД-светилка.
Истражувачите велат дека во иднина куќите би можеле да се градат од вакви тули, а тие би можеле да се користат за напојување на уредите во домот. Тие тврдат дека само 50 вакви тули во ѕидот може да чуваат електрична енергија која би го напојувала целото осветлување во домот во период од 5 часа.
Фото: Freepik
Методот функционира со редовни и рециклирани тули. Откритијата од истражувањето биле објавени во списанието „Нејчр комјуникејшнс“.
Автор: Рајан Морисон
Извор:
dailymail.co.uk