X
 25.06.2022 Забава

Забрането телефонирање и патики: Строги правила за влез во најпознатото казино во Монако

Можеби Лас Вегас е првиот град кој го асоцирате со обложувањето и казината, но Монте Карло е место на кое луѓе губеле цели богатства, па дури и животи. Малото кнежество Монако е познато како игралиште за најбогатите. Таму шампањот е национален пијалок, а дури и железничката станица изгледа како дел од некој кралски дворец.

Според многумина, нема место на светот каде времето и парите се трошат побргу отколку во Монте Карло, неофицијалниот главен град на Монако. Но историјата бележи многу самоубиства во овој град од страна на луѓе кои изгубиле сè во казино.

Најлегендарно казино во градот е она што го носи името „Монте Карло“. Во ова казино постојат строги правила. Казиното не дозволува влез за лица помлади од 18 години, а мора да се почитуваат и правила за облекување. Забранети се кратките панталони, маиците без ракави, па дури и патиките.


Фото: Pixabay

Во казиното е забрането телефонирање, а по 20:00 часот во него се влегува само во свечен костум или раскошен фустан. Интересно е тоа што на домашните гости обложувањето им е забрането, па така во ова казино влегуваат само странци.

Како започнало сè?

Во првата половина од 19. век, владетелите на Монако живееле екстравагантен живот. Тие постојано ги зголемувале даноците за илјадници фармери сè додека не се подготвувала револуција од страна на населението. Тогаш, принцот Карло III морал да бира помеѓу поскромен живот или револуција, но неговата мајка Керолин се досетила како може да го спаси кралското семејство од банкрот.

Во Германија, таа го запознала Франсоа Бланк, кој работел како оператор на казино. Тој видел голем потенцијал во Монте Карло па му дал голема позајмица на кралското семејство во замена за дозвола за работа. Тој износ бил доволен за изградба на казино и Бланк започнал со работа.


Фото: Pixabay

Тој организирал игри на тој начин да добива казиното, па најголемите клиенти постојано губеле пари. За да одбегне негативни коментари дека казиното е место каде се губат пари, тој наместил игра за да има добитник, а тоа бил принцот Шарл Лисјен Бонапарта, внук на познатиот Бонапарта.

Тогаш луѓе од целиот свет започнале да доаѓаат во Монте Крало за да го видат познатото казино и да си ја пробаат среќата. Казиното постои и денес, а ретки среќници уживаат не губат цели богатства таму.

Извор: Pun kufer
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава