Дали чувствувате дека божиќните празници доаѓаат сè побрзо секоја година? Доколку одговорот е позитивен, не сте единствени.
Мала анкета спроведена во Обединетото Кралство покажува дека за 77 отсто од испитаниците, се чини дека божиќните празници доаѓаат сè побрзо секоја година. Една причина за ова може да биде начинот на кој гледаме на времето, кој се менува со возраста. Поради тоа, често чувствуваме дека времето поминува сè побрзо како што старееме.
Нашата перцепција на времето се менува и бидејќи користиме спомени за да процениме временски периоди. Кога проценуваме одреден временски период, процената ја засноваме на спомените што ги имаме во тој период. Временските периоди во кои сме имале помалку спомени на мозокот му изгледаат како пократки.
Фото: Freepik
Како што старееме, се сеќаваме на сè помалку работи од секојдневието и поретко пробуваме нови активности. Овие фактори придонесуваат за чувството дека поминало помалку време од минатите божиќни празници.
Едвај чекате да дојде Божиќ?
Друг фактор кој може да направи да чувствувате дека божиќните празници стигнуваат сè побрзо е енергијата која ја вложувате во нивното исчекување. За децата, божиќните празници се најочекуван дел од годината, но повеќето возрасни не ги одбројуваат деновите пред празниците. Помалото внимание на исчекувањето прави да изгледа како времето да поминува побрзо. Ефектот е особено впечатлив оваа година бидејќи по пандемијата, многумина имаат повеќе обврски и помалку време да размислуваат за празниците.
Конечно, можеби имаме чувство дека божиќните празници доаѓаат сè побрзо бидејќи навистина е така. Порано, божиќните реклами, филмови и украсувањето се правеа во декември, а сега не е чудно да се видат украси во продавниците и на улиците на почетокот од ноември, па дури и во октомври.
Извор: The conversation
Насловна фотографија: Freepik