Замислете си тетоважа која може да ви покаже колку кислород користите додека вежбате, ви го мери нивото на глукоза во крвта или ја следи генералната состојба на вашата крв во текот на денот. Ново истражување покажува дека ова наскоро би можело да биде реалност.
Група истражувачи создале сензор кој може да се имплантира на кожата како тетоважа, а го мери нивото на кислород во крвта. Сензорот е составен од гел направен од протеинските состојки на свилата наречени фиброини.
Овој гел може да биде нанесен под кожата, каде може да стои од неколку недели до повеќе од една година. Кога ќе се разложи, тој не предизвикува имунолошка реакција.
Во експериментите, имплантот успешно го мерел нивото на кислород кај животни во реално време.
Според истражувачите, гелот би можел да биде многу корисен за лица кои постојано треба да ја следат здравствената состојба.
Извор:
World economic forum
Насловна фотографија: Freepik