X
 27.03.2023 Живот

Лани сме добиле 1.590 магистри, најмногу по бизнис, администрација и право

Во 2022 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.883 лица, од кои 1.590 или 84,4% се магистри и 293 или 15,6% се специјалисти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2021 година, е намален за 4,7%. Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61,3%.

На 34 високообразовни установи и установи вршители на високообразовна дејност може да се добие диплома во Македонија

Во 2022 година најголем број од магистерските трудови, 611 или 38,4%, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18,5% се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следуваат општествените науки со 15,1%, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Доколку се анализираат податоците според тоа од кој универзитет излегле најмногу магистри, лидер е најголемиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, каде што магистрирале 644 лица. Од тие 644 лица, најмногу (179) магистрирале на Правниот факултет, по што следуваат Градежниот факултет со 89 нови магистри, Архитектонскиот со 80, Филозофски со 61, Економски со 53 ФЕИТ со 46 итн.

Втор универзитет според бројот на лица кои оттаму лани излегле како магистри е ЈИЕ Универзитет - Тетово, каде што во 2022 година магистрирале 207 лица. Третото место го зазема Универзитетот за туризам и менаџмент со 157 магистрирани лица, па следува Универзитетот во Тетово со 116 нови магистри итн.

Од останатите државни, на УГД лани магистрирале 31 лице, на УКЛО 95 и на „Мајка Тереза“ 10.

Од оние 293 лица кои лани станале специјалисти, најголем дел биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото (125) и здравството и социјалната заштита (90).

Речиси половина од лицата кои лани станале специјалисти, односно 111, излегле од Универзитетот „АУЕ-ФОН“ во Скопје, по што следуваат УКИМ со 52, УКЛО со 33, ПВОУ за бизнис-економија „Еуро колеџ“ - Куманово со 35, Бизнис-академија „Смилевски“ - Скопје со 30 итн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот