X
 27.06.2023 Забава

10.000 долари за 10.000 чекори дневно - компанија бара кандидат што ќе пешачи и ќе го запишува напредокот

Тешко е да се најде време и мотивација за редовна физичка активност. Но, што доколку некој ви плаќа за секој поминат чекор?

Веб-страницата за фитнес „Џим брд“ објави повик за лице кое ќе треба да пешачи секој ден во период од еден месец и да прави по 10.000 чекори дневно. Оваа цел не мора да се стигне уште првиот ден, но лицето треба да има мотивација да ја стигне до крајот на месецот.

За тој месец, тоа лице ќе биде платено 10.000 долари, кои ќе ги добие на пет рати од по 2.000 долари. Одбраното лице ќе треба да го запишува напредокот и да снима двеминутни видеа секоја седмица во кои ќе објаснува како напредува. Лицето ќе треба и да објавува пораки на социјалните мрежи со цел да ги охрабри сите да „го направат првиот чекор“.

Локацијата за пешачење е избор на одбраниот кандидат.

- Може да ги направите чекорите како што сакате: со планинарење, на лента за трчање, со кругови во трговскиот центар, со качување скали или истражувајќи ја вашата населба - се вели во огласот.

Кандидатите треба да имаат барем 18 години и да живеат во САД.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава