X
 28.04.2020 Живот

Проект што го воодушеви светот: Како изгледа океанот од перспектива на една морска желка

Видеото што ги освои социјалните мрежи било создадено по предлогот на морскиот биолог Нејтан Џек Робинсон, сопственик на организацијатa „Фундасион оушанографик“.

Неговата фондација се занимава со истражување чија цел е да се зачуваат видовите во морињата и океаните, а еден од проектите за занимава и со морските желки.

Откако постојано наоѓале повредени желки, тој и членовите на неговиот тим сакале да дознаат нешто повеќе за овие животни: каде се движат и од каде доаѓа потенцијалната опасност за нив. Така, одлучиле на оклопот на желката да стават камера (направена од рециклирачки материјал) и да дознаат како изгледа океанот од перспектива на морска желка.





Бидејќи тимот има голем број снимени часови, ги пушта најинтересните делови.



Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот