X
 29.03.2023 Живот

Населба во Јапонија каде што луѓето одат кога сакаат да исчезнат

Населба во јапонскиот крајбрежен град Осака има мистериозна репутација - претставува место на кое луѓето одат кога сакаат да исчезнат.

Населбата Камагасаки е место каде што живеат многу луѓе кои се преселиле од други места. Овие луѓе одлучиле да исчезнат, прекинувајќи секаков контакт со семејството и пријателите за да започнат нов живот.

Според податоците, околу 80.000 луѓе биле пријавени за исчезнати во Јапонија во 2021 година. Многу од нив одбираат да исчезнат поради долгови, да избегаат од обврските или само да започнат нов живот, според документарен филм објавен неодамна.

Масаши Танака (49) е еден од овие луѓе. Тој одлучил да исчезне поради мајка си. Тој повеќепати бил во затвор, а неговата мајка му кажала дека веќе не постои за неа. Затоа, тој одлучил да оди во Камагасаки, каде што сега живее сам. Сместувањето во оваа населба е евтино, а жителите може да најдат ниско платени работи. Населбата сега е место каде што работодавците може да најдат евтини работници.

Слична населба има и во Токио, каде што жителите седат на улиците и чекаат да најдат работа. Многу жители на Камагасаки го смениле името за да бидат анонимни. Според јапонските закони, приватноста се цени во земјата и дури и исчезнатите луѓе може да повлекуваат пари од банкоматите без да бидат пронајдени. Полицијата ќе интервенира само во случај на криминал или несреќа.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот