X
 29.05.2024 Живот

Лани биле извршени 1.153 егзекуции како смртна казна, еве во кои земји

Примената на смртната казна достигна највисоко ниво во светот од 2015 година, објави организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“. Најмалку 1.153 егзекуции биле извршени во 2023 година во 16 земји.

Бројката е зголемена за 31 отсто во споредба со претходната година кога беа извршени 883 егзекуции.

Повеќето егзекуции, речиси три четвртини од вкупниот број во светот, биле извршени во Иран. Во таа земја во 2023 година биле погубени најмалку 853 лица, што е зголемување за 48 отсто во споредба со претходната година.

На второ место е Саудиска Арабија со 172 егзекуции, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот.

Сомалија и САД, исто така, забележаа зголемување на смртните казни минатата година на 38 и 24 соодветно.

Бројот на земји што користат смртна казна падна на рекордно ниско ниво во 2023 година, откако земјите како Белорусија, Јапонија, Мјанмар и Јужен Судан не забележаа егзекуции.

Сепак, бројот на изречени смртни казни низ светот во 2023 година се зголеми за 20 проценти, на 2.428. Смртната казна е укината од 144 земји.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот