Димитар Џорлев, ученик во средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица ја освои наградата „Златна почест“ на Меѓународниот натпревар за астрономија и астрофизика. Во голема конкуренција на ученици од 80 држави, Џорлев го доби признанието што го добија само 2 отсто од учесниците. Тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија.
Џорлев ја заврши втората година во струмичката гимназија. Тој веќе бележи големи успеси на многу меѓународни натпревари и олимпијади по природни науки, информатика, математика.
- Наградата „Златна почест“ се добива за учеството во последната рунда на Меѓународниот натпревар за астономија и астрофизика. Станува збор за испит од 40 прашања кој бара знаење од областите на астрономијата и астрофизиката. Џорлев освои 35 поени и со тоа влезе меѓу најдобрите 2 отсто од учесниците – стои на признанието од организаторите.
На оваа олимпијада Македонија ќе ја преставуваат Иван Јовановски од Скопје, Војо Митревски од Ресен, Константин Трипуновски од Скопје, Мила Ивановска од Битола и Димитар Џорлев од Струмица.
Водачи на тимот се проф. д-р Ирина Петреска, проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Боце Митревски од Институтот за физика при ПМФ и Друштвото на Физичарите на Република Македонија.
Џорлев беше дел од тимот што ја претстави Македонија на Европската олимпијада по физика, што се одржа онлајн од 20 до 26 јули. Репрезентацијата ја сочинуваше заедно со: Иван Јовановски од Скопје, Војо Митревски од Ресен, Константин Трипуновски од Скопје, Мила Ивановска од Битола. Водачи на тимот беа проф. д-р Ирина Петреска, проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Боце Митревски од Институтот за физика при ПМФ и Друштвото на Физичарите на Република Македонија.