Фотографот што знае да си ја работи работата може да ја истакне изненадувачката страна од субјектот што го фотографира. Фотографот Џони Капа ги открива различните емоции кај локалните црвени верверички кои постојано ги фотографира.
Неговите портрети ги прикажуваат повеќекратните аспекти на нивните личности. Toj поминал многу време спријателувајќи се со верверичките кои живеат во близина на неговиот дом во Шведска. Но, во текот на изминатата година, тој ја набљудувал и фотографирал својата пријателка Вонки и нејзините бебиња. Верверичката и нејзините деца штотуку се преселиле во ново гнездо.
Капа ги фотографирал користејќи го своето надворешно студио за верверица, кое вклучува светла и рефлектор. Секој портрет од него барал да ги чека верверичките да влезат во „неговото студио“ што тој го уредил со цвеќиња и зеленило. Но, на крајот, сликата најмногу зависела од самата верверичка.
Иако има многу слатки моменти од фотографирањето на верверичките, еден посебен момент за Капа бил кога имал уникатна можност да ги фати младенчињата како играат.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram