Опсерваториите најчесто забележуваат еден или два мали астероиди неделно што поминуваат во близина на Земјата. Но ретко е да се забележи астероид доволно рано за да може да се очекува неговото приближување кон Земјата. Месецов биле откриени повеќе астероиди што ќе поминат на оддалеченост помала отколку до Месечината.
Астероидот 2020 УА утре ќе помине на растојание од 46.000 километри од нашата
планета. Нема ризик оваа вселенска карпа да се судри со нашата планета, но средбата ќе биде блиска.
Проектот „Виртуал телескоп“, кој се состои од повеќе роботски телескопи достапни за користење преку интернет, ќе пренесува видео во живо од поминувањето на астероидот. Преносот ќе почне точно на полноќ денеска (вторник кон среда) на видеото во продолжение.
Автор: Ерик Мак
Извор:
cnet.com
Фото: Pixabay