X
 31.05.2022 Живот

Биоразградливи филтри за цигари од кои никнуваат растенија

„Карма филтер типс“ се специјално создадени филтри за цигари кои се дизајнирани да го променат отпадот од цигари во нешто позитивно. 100 отсто органски, биоразградливи и без хемикалии, овие рачно изработени филтри ослободуваат живи семиња во земјата кога ќе се фрлат.

Овие цигари се од природен памук, овошна и зеленчукова пулпа, што значи дека не се сечат дрвја за да се произведе оваа филтер-хартија и се направени без употреба на хемикалии.

Специјалноста на овие филтри е што содржат семиња од егзотични растенија како амарант, босилек, спанаќ, рузмарин, диви цвеќиња и друго.



Со проценети 2,7 милијарди килограми синтетички филтри за цигари отпорни на разложување што се фрлаат во секој агол на планетата, производителите на овие филтри велат дека нивниот производ може да помогне да се отстранат ефектите од ова загадување за само неколку години.

Овие филтри се 100 отсто биоразградливи и 100 отсто без хемикалии, обезбедувајќи висока апсорпција на катран и никотин. Откриено е дека синтетичките догорчиња се најчестиот загадувач на нашите океани.

cigari

За да ја зголеми совеста на пушачите, „Карма типс“ ги направи овие филтри користејќи 100 отсто органска и нетоксична хартија направена од овошна каша, екстракти од зеленчук и билни и цветни семиња. Сè што треба да направат пушачите е да ги стават догорчињата во почвата за семките да никнат во различни растенија.

Извор: Bright Vibes
Фото: Karmatips.in
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот