Вечерва, со почеток од 19 часот, во Кафе и филм КОТУР ќе се одржат проекции на македонски кратки студентски филмови. Ова е програма во соработка со студентската филмска платформа ХАЈ-ФАЈ, чие трето издание почнува токму вечерва.
Програма за 1 јуни (понеделник)
„Сведоци“, режија: Јана Голабоска
„Небото не е граница“, режија: Бојана Миовска
„Каде одиш Јан“, режија: Леона Јариќ
„Delmo“, режија: Мартин Темков
„Борби со ветерници“, режија: Борјан Гаговски
„Делузија“, режија: Марија Петреска
„Уметноста на забележувањето“, режија: Ивона Георгиева
„Соочен со бесконечност“, режија: Никола Јовановиќ
„Патот до непознатото“, режија: Виктор Јовев
„Детокс“, режија: Теодора Најдовска
„A vain desire to return“, режија: Дарко Ѓуровиќ
„Лажна крв“, режија: Михаел Каровски
„Прекутрупа“, режија: Ксенија Мано
По проекциите следува сесија на прашања и одговори со дел од авторите, како и музичка програма со диџеј сет на Љубен Дерибан.
Ова е третиот од низа промотивни настани кои го најавуваат осмото по ред издание на фестивалот на филм и музика SИРНИ. Фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври на повеќе локации како и во Кафе и филм КОТУР. Повикот за учество на филмови е отворен до 31 август 2026 на
https://filmfreeway.com/DzirniFilmAndMusicFestival.
Осмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ е активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ кој е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хартефакт фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.