
Овие денови во Скопје во кината Милениу и МКЦ се одржува 15-тиот по ред Синедејс (Cinedays).
Убави филмови и набиена програма која се чека цела година а трае само 10 дена, како што вели слоганот на фестивалот.
Меѓу останатите проекции во џебното кино се прикажуваат и
студентски филмови од нашите факултети ESRA и “Гоце Делчев” од Штип.
Сакаме да го издвоиме филмот “Дете” кој ќе се прикажува на 15ти Ноември (Вторник).
Овој филм веќе доживеа прекрасна премиера во Кинотеката на Македонија во средината на Септември, а сите оние кои не го видоа филмот имаат препорака да не ја пропуштат оваа прилика.
Филмот е симпатична приказна за еден гејмер и неговата девојка кои не сакаат да се откажат од својата младост и воспоставениот меланхоличен начин на живеење. Дополнителните улоги одлично го зачинуваат дејствието, каде се приметува уживање на глумците и давањето на свој максимум.
Сценариото мошне успешно го доловува секојдневието на едно македонско семејство а техничките решенија на режијата и монтажата се оптимално вклопени во рамки на буџетските можности (филмот е снимен без буџет).
На гледачите можеме да им препорачаме дека себе-препознавањето во приказната е на прва топка, а истенчениот хумор ќе Ви причини одлично поминати триесетина минути.