X
 12.06.2019 Здравје

И младите лекари се придружија на барањето за повисоки плати – 1.000 евра за општите. Филипче вели: „Ќе разговараме“

Лекарите бараат законски да се определи општите лекари во државата, без разлика дали работат државно или приватно, да имаат минимална плата од 1.000 евра, а супспецијалистите – 1.600 евра

На барањата за зголемување на платите на лекарите од Лекарска комора на Македонија (ЛКМ) и Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) се придружија и младите доктори специјализанти. Сите бараат законски да се определи општите лекари во државата, без разлика дали работат државно или приватно, да имаат минимална плата од 1.000 евра, а супспецијалистите – 1.600.
Министерот за здравство Венко Филипче за Факултети.мк вели дека ќе се разговара за предлозите, а и оти нивно ветување е платите на специјалистите догодина да пораснат на 100.000 денари.

Фото: Pixabay

На Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) е поставен нацрт-текстот на законот за лекарска дејност, по предлог на Министерство за здравство, кој е отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните. Практично ова е исто предлог законско решение кое во изминатиот период го изготвила ЛКМ, но од него се изоставени членовите со кои се бара да се определат коефициентите за висината на платата на лекарите.Од комората бараат платата на општите лекари да биде 2,5 пати повисока од просечната во државата, додека на супспецијалистите – 3,8 пати (или околу 1.000 и 1.600 евра пресметано според сегашната просечна плата).
-Ние доставивме забелешка за тоа да се вратат овие делови од законското решение. Додека го подготвувавме предлогот направивме симулација за висината на платите со професорка економист и се покажа дека барањето е издржано. Предлогот содржи и други добри решенија, како на пример за нова организација на дополнителната дејност на лекарите и нејзина контрола – вели д-р Калина Гривчева-Старделова, претседателка на ЛКМ.

За тоа дека определувањето на минималната плата на општите лекари во приватниот сектор треба да значи и менување на дел од здравствениот систем, зашто голем дел од нив се финансираат со капитација, сума што ја добиваат од Фонд за здравствено осигурување, според бројот и возраста на пациентите што ги водат, д-р Гривчева-Старделова вели дека од некаде мора да се почне.

Нацрт-законот предизвика несогласувања меѓу комората и синдикатот. Претседателот на ССКЦ, д-р Горан Беговиќ вели дека се согласува со барањето за повисоки плати, но синдикалците не се согласни со начинот на делување на комората.
-Сметаме дека комората требаше да го повлече предлогот за закон откако од него изостанаа членовите за определување на платите – вели д-р Беговиќ.

Денес од Здружението на лекари специјализанти велат дека во овој круцијален момент кога миграцијата на младите лекари го достигнува својот максимум, носењето на законот за докторска дејност е од особена важност за обезбедување на добра и квалитетна иднина на македонското здравство.
- Но ја потенцираме и потребата за негово дополнување со одредби за соодветно вреднување на лекарскиот труд и дефинирање на принципот на утврдување на основната нето плата на докторите на медицина. Сметаме дека основната нето платата треба да се утврди така што просечната плата во државата ќе се помножи коефициент 2,5 за општи доктори, со коефициент 2,7 за доктори специјализанти, со коефициент 3,5 за доктори специјалисти и коефициент 3,8 за доктори супспецијалисти – додаваат оттаму.



Министерот за здравство Венко Филипче објаснува дека платите сега се определени со колективен договор, а дека се подготвени да разговараат за тоа дали треба да бидат дел од закон.
- Нашето ветување е дека во 2020 година платите на специјалистите ќе бидат 100.000 денари. Се обидуваме да ги обезбедиме овие средства. Но секако, подготвени сме да разговараме за сите предлози и барања – вели Филипче.

Од Министерство за здравство објаснуваат дека клучно во законот е што на лекарите им се остава можноста за саморегулација, што значително ќе го подобри квалитетот на услугите на лекарите, како и поголема контрола во рамки на системот на Лекарската комора и нивната практика.
-Со овој закон, во суштина се зајакнува степенот на издавање лиценци и ќе биде исклучено секакво влијание однадвор – велат од министерството.
Оттаму додаваат дека изминатиот период во неколку наврати се обезбеди значаен износ финансиски средства за зголемување на платите на здравствените работници.
-Во 2018 година се зголемени платите за 5%. Во јануари 2019 година имаше дополнително зголемување на платите - 5% за медицинските сестри, 10% за докторите специјалисти, а во септември 2019 година имаше за 5% зголемување и за останатите здравствени работници. Зголемени се коефициентите за исплата на дежурствата, ноќен труд и дополнителна работа на медицинскиот кадар. Сето ова, даде слика во која вкупните месечни приходи се зголемени за 40%, а некаде и до 50%кај дел од лекарите. Заложба на Министерството за здравство е платата на лекарите наредната година да достигне 100 илјади денари. Само на овој начин, ќе го вратиме достоинството на здравствените
Подготвил: Наташа Бошковска-Златкова / natasa.boskovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје