X
 01.12.2021 Наука

Научници создадоа синтетички организми што сами се размножуваат

Научниците создадоа синтетички организми кои може сами да се размножуваат. Наречени „ксеноботови“, овие биолошки машини се широки само еден милиметар. Малите роботи се опишани во истражување спроведено од научници од Универзитетот на Вермон, Универзитетот „Тафтс“ и Универзитетот „Харвард“.

Истражувачите користеле клетки од вид жаба за да ги создадат синтетичките организми. Клетките биле споени со помош на алгоритам, а телата на организмите биле споени со биолошки клеточен материјал и вештачки електроди. Клетките почнале да работат како едно кога се активирале, а кожните клетки се формирале во тела кои можат да се движат и да завршуваат некои едноставни задачи.

Малите организми се размножуваат така што собираат единечни клетки и создаваат нови организми со помош на овие клетки. Со други зборови, „родителите“ градат „деца“, кои потоа градат „внуци“ итн.

Истражувачите велат дека малите биолошки машини се безопасни бидејќи едноставно може да бидат исклучени и целосно се разградуваат за една недела по исклучувањето.

Целта на истражувањето е да се најдат побрзи и подобри алгоритми со кои може да се менуваат постојните живи и функционални клетки, што може да помогне во лекување повреди, аномалии и и болести.

Извор: Futurism
Фото: Newswise

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука