X
 02.06.2019 Наша тема

Ученици чекаат девет месеци за стипендии, што студирала Винка Саздова, запознавме амбициозна студентка од Архитектура

Неисплатени стипендии на 217 ученици од Спортската академија, во какви услови работат општите лекари во земјава преку приказната на младата докторка Мартина Павлова, какви студентски денови имала писателката и издавач Винка Саздова, ја запознавме и Теодора Василева, студентка на Архитектонскиот факултет од Скопје... ова се дел од темите што ги истражувавме неделава.



217 ученици од Спортската академија од Скопје немаат добиено ниту денар од одобрените стипендии што треба да им ги исплати државата. Иако имаат договори со Министерството за образование и наука за исплата на 3.000 денари за девет месеци, учениците и нивните семејства сè уште не добиле ниту една рата. Право на стипендија имаат учениците од втора, трета и четврта година, кои во текот на претходната учебна година постигнале најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет - тренинг од избраниот спорт, на крајот на учебната година.
МОН најавува дека до крајот на наредната недела ќе бидат исплатени деветте рати за учениците, а проблемот го префрлаат кај учениците, кои не пријавиле дека имаат некаква промена во трансакциската сметка.

Д-р Мартина Павлова

Матичниот лекар е многу повеќе од препишување лекови и упатувања до специјалисти. Пациентите бараат посветеност, емпатија, внимание и насмеано лице, вели младата докторка Мартина Павлова (28) од Скопје. Во време кога нашата земја цела деценија се соочува со одлив на кадри, ова се луѓето што решија да не заминат. Нивните приказни ги објавуваме во рубриката „Јас не заминав“
Дипломирав медицина и добив специјализација. Не ја почнав. Не сакав да потпишам недоречен, двосмислен, нејасен договор. Тогаш првпат во мојот живот се соочив со реалноста на еден млад доктор во Македонија, вели младата докторка Мартина Павлова (28) од Скопје. Во време кога земјава се соочува со голем дефицит од матични лекари и други медицински кадри, таа решила да остане тука, да направи промени. Ова е нејзината приказна.


Винка Саздова

Јас не учев за оценка, учев за себе. И мислам дека тоа е океј. Просекот е за другите, знаењето за тебе лично. Треба да се храни душата, а не егото, вели писателката и издавач во „Кога бев студент“, приказна што Факултети.мк ја реализира заедно со „Пивара Скопје“
Психологијата била нејзината определба за студирање. Ја засакала благодарение на инспиративните предавања на нејзината професорка по психологија. Иако никогаш не работела во професијата, Винка Саздова во сѐ што работела по студирањето го употребувала знаењето од оваа наука. Исто така и во нејзините романи („Понекогаш доаѓа среќа“, „Последниот чај“, „Полиња со диви нарциси“ и „Луна“), кои се психолошки драми.



Преголеми паралелки во гимназиското образование, за сметка на загрижувачки малкуте во средните стручни, како и билдање нереални оценки се доволна причина за посериозно да се сфати уписната политика во средните училишта во земјава. Директори на училишта посочуваат дека мора да се промени начинот на запишување во средните училишта.
- Бројот на гимназиските паралелки постојано расте - вели Драган Арсовски, директор на гимназијaта „Раде Јовковски-Корчагин“ од Скопје.


Теодора Василева

Кога пред четири години се вратила од Белгија каде што учела средно училиште и се запишала на Архитектонскиот факултет во Скопје, сите ја прашувале зошто се одлучила за студии во Македонија кога можела да одбира од целиот свет?
И денеска 22-годишната Теодора Василева го дава истиот одговор:
- Сакам да учам во Македонија бидејќи студиите на одредени факултети го имаат истиот квалитет. Тоа беше мојот одговор. Се покажа дека сум во право. Кога комуницирам со студенти и професори од оваа струка од цел свет, кога работиме на заеднички проекти, во квалитетот и знаењето воопшто не се разликуваме - објаснува Василева, која ја завршува четвртата година од студиите.


Од концертот посветен на „Пинк Флојд“ во Долни Сарај

Концертот посветен на легендарната група „Пинк Флојд“ со кој Ѓоко Танески и 11 други музичари лани ја одушевија публиката во Долни Сарај - Охрид, на 18 јуни ќе биде изведен во Скопје. Делови од музичко-визуелниот спектакл таа вечер го видоа многу повеќе луѓе од присутните. Речиси да немаше човек кој во живо не пренесуваше дел од концертот на социјалните мрежи.
Музичарите веќе почнаа со пробите. Идентичниот концерт ќе биде изведен во летниот клуб „Епицентар“ во градскиот парк, во организација на концертна агенција и продукција „3 Гонга“.

Плажа во Турција

Ако се водиме по тоа дека никаде нема поубава храна од дома, тогаш Турција можеме да си ја прогласиме за втор дом. Уште кога ќе стапнете во оваа земја, ќе ве освои таа чудесна топлина и гостопримливост кај луѓето на кои е доволно само да им кажете дека сте од Македонија и да ве опсипат со комплименти. Првите минути во земјата ќе ви бидат засладени со турски локум и опиени од мирисот на розите кои возачите на автобусите им ги делат на сите припаднички на понежниот пол. Веднаш ќе имате чувство како да сте дома.

Има само една мала разлика. Песочните плажи, морето, базените, веќе приготвената храна, измиеното овошје, исечканата салата, наместениот кревет... Веќе зборуваме за нешто што секој го заслужува – одмор од соништата. Со „Фибула ер травел“ треба само да си изберете термин и со чартер-лет за помалку од два часа да запливате во безгрижноста.
Турција е можеби идеалната дестинација за одмор, што поради храната и гостопримливоста, што поради близината, а Анталија е само едно парче од оваа туристичка империја.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема