Денес сме навикнати на неочекувани и брутални краеви во филмовите, но пред 25 години филмот „Седум“ претставуваше вистинска револуција. Крајот на филмот остана врежан во меморијата на сите што го гледале.
Иако помина многу време, веројатно сѐ уште има луѓе што не го гледале филмот, па затоа предупредуваме дека текстот во продолжение содржи спојлери.
- Кога Ендру Кевин Вокер го пишувал сценариото, бил депресивен бидејќи не му се допаѓало каде живее. Но, бил задоволен од работата што ја сработил, па сценариото му го испратил на колегата Дејвид Коеп, кој му помогнал во контактите со студиото „Њу лајн синема“.
- Кога почнал да го пишува сценариото, тој не знаел ништо за седумте смртни гревови, а неговото незнаење го инспирирало да го создаде ликот што го глуми Бред Пит.
- Режисерот Дејвид Финчер се воодушевил од крајот на
филмот откако го прочитал сценариото. Но, тогаш му се јавиле и му кажале дека ја добил погрешната верзија. Финчер инсистирал на верзијата што првично ја прочитал и долго време преговарал со студиото за тоа да биде крајот на филмот, што за нив било премногу ризично.
- Дензел Вашингтон ја одбил улогата на детективот Милс (кој во филмот го глуми Бред Пит) бидејќи сметал дека филмот е премногу темен и злобен. Откако го гледал филмот, Вашингтон признал дека зажалил за одлуката.
- Дејвид Финчер сакал Гвинет Палтроу да ја глуми сопругата на Бред Пит во филмот. Но, таа не била заинтересирана. Потоа режисерот искористил мал трик и го замолил Пит да ја убеди Палтроу да ја прифати улогата, користејќи го тоа што Пит и Палтроу во тоа време беа пар.
- Во текот на снимањето на сцената во која Бред Пит брка непозната личност, тој навистина си ја крши раката, при што повредата морала да стане дел од сценариото.
- За улогата за жртвата виновна за мрзливост, Финчер сакал да најде многу слаб човек. Актерот што отишол на аудиција имал само 43,5 килограми. Финчер на шега го прашал дали може да ослаби уште некој килограм. Неверојатно, актерот ослабел уште 3,5 килограми и изгледаше навистина страшно во филмот.
- Подготовката на актерот Леланд Орсер, кој го глумеше мажот кој мораше да ја убие жената виновна за алчност, била прилично тешка. За оваа помала улога тој не спиел два дена и постојано пиел кафе. Сцената била снимана над 40 пати, а Орсер дури и се онесвестил поради емоционалниот интензитет.
Фото: Screenshot/YouTube
- Кевин Спејси стана главниот кандидат за убиецот. Но, неговата вклученост во филмот значела многу пари, па Финчер бил советуван да најде друг. Тука се вмешал Бред Пит и ги уверил шефовите на студиото дека Спејси е совршен за улогата. За филмот да остане интригантен докрај, името на Спејси не се наоѓа на воведната шпица, а тој не учествувал ни во промоцијата на филмот.
- Секоја страница од дневникот на убиецот е пишувана и цртана рачно, а за тоа биле потребни два месеца и 15.000 долари.
- Идејата за бричењето на главата на убиецот беше на Кевин Спејси. Тој му предложи на Дејвид Финчер, па Финчер прифати. И двајцата биле ќелави до крајот на снимањето на филмот.
- Во завршните сцени од филмот што се снимени од хеликоптер, актерите биле заменети со каскадери бидејќи снимањето не можело да се вклопи во нивните преполни распореди.
- „Њу лајн синема“ има сценарио за продолжение на филмот под името „Утеха“, но снимањето било одбиено.
- Иако многумина тврдат дека ја виделе главата на Гвинет Палтроу, оние што ја гледале сцената кадар по кадар велат дека се гледа само малку коса. За оние другите, Палтроу пред некоја година за Ноќта на вештерките подготви интересен костум.
Извор:
Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube