X
 03.07.2021 Здравје

Ако не сте добиле информација за термин за вакцинација на телефон, проверете на vakcinacija.mk

Доколку одамна сте се пријавиле за вакцинирање, а немате добиено известување на мејл или телефон за терминот кога треба да одите на вакцинација, повторно посетете ја страницата vakcinacija.mk.

Имено, голем број граѓани во последниве денови посочуваат дека не добиле известување за терминот за вакцинирање на мејл или телефон, а кога се логирале на страницата виделе дека се наведени датумот, времето и местото каде треба да одат на имунизација.

Како да проверите?

Кога ќе ви се отвори страницата, кликнете на полето „Најава со корисничко име“.



Доколку досега не сте се регистрирале, одете на полето „Регистрација“.



Откако ќе се регистрирате внесувајќи ги матичниот број и телефонскиот број, ќе одете на „Валидирај“, по што на телефон ќе ви стаса активациски код, кој ќе треба да го внесете.



Потоа ќе треба да смислите лозинка, да ја потврдите, да потврдите дека сте информирани оти вашите податоци ќе бидат обработени од страна на овластено лице од Министерството за здравство за потребите за вакцинација така што ќе кликнете на квадратчето и да потврдите дека не сте робот, исто така со кликнување на квадратчето. На крај ќе одите на „Зачувај“.



Потоа системот ќе ве врати на почетната страница, па ќе морате пак да одите на „Најава со корисничко име“ и да ги внесете матичниот број и лозинката што ја смисливте. Не заборавајте да потврдите дека не сте робот со кликање во квадратчето пред полето „I'm not a robot“ и потоа одете на „Најава“.

Потоа ќе ви се отвори нов прозорец, каде ќе можете да ги видите вашите податоци и терминот за вакцинација, доколку сте го добиле.

Во иднина ќе можете само да се најавите и да си го преземете сертификатот за вакцинација, кој се генерира по втората примена доза.

Насловна фотографија: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје