X
 16.05.2026 Живот

Берлин подготвува награди за туристи што се грижат за животната средина

Туристите во Берлин во иднина ќе можат да добијат мали бенефиции ако, на пример, собираат отпад или на друг начин се грижат за средината за време на своето патување.

Ова лето треба да започне програмата „Берлин пеј“, а во фокусот ќе бидат водените површини, како што се наведува на веб-страницата на туристичката агенција „Визит Берлин“.

- Оној што ќе се однесува одговорно, на пример, ќе собира отпад, го разубавува квартот или поддржува социјални проекти, ќе добие признание од партнерите - мали награди или посебни искуства во Берлин - се наведува на веб-страницата.

„Визит Берлин“ во моментов бара спонзори кај кои туристите ќе можат да ги искористат овие бенефиции. Се бараат компании, институции и иницијативи поврзани со берлинските водени површини, вклучително угостители, хотели, како и културни и образовни установи.

Како пример се наведува концептот од Копенхаген, наречен „Копен пеј“. Туристите во главниот град на Данска можат да добијат бесплатни возења со чамци или изнајмување велосипеди доколку пристигнале со воз наместо со авион или на друг начин се однесувале одржливо.

Извор: 021.rs 
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот