X
 04.04.2024 Живот

В сабота, без термин, може да се сликаат оние што наполниле 18 години, а немаат ниту пасош ниту лична карта

Министерството за внатрешни работи в сабота (6.4.2024) во периодот од 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

- Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат в сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори - се наведува во денешното соопштение од МВР.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот