Приказната за тоа како е пронајдена скривницата на еврејската девојка Ана Франк и нејзиното семејство од страна на нацистите во Амстердам наскоро ќе биде преточена во книга, најави издавачот.
Членовите на тимот што истражува кој ја предал скривницата на Ана Франк и нејзиното семејство за време на холокаустот добиле понуда да објават книга.
Фото: Getty Images
Книгата „Ana Frank: A cold case diary“ во која најмногу се зборуваше на минатомесечниот Саем на книгата во Лондон ќе биде објавена летото 2020 година, наведува издавачката куќа „Харпер Колинс“.
Поранешниот агент на ФБИ, Винсент Пенкок, води меѓународна истрага за решавање на повеќедецениската мистерија за предавањето на скривницата на Ана Франк во Амстердам во 1944 година.
Ана Франк, една од најпознатите жртви на холокаустот, починала во март 1945 година од тифус во логорот Берген-Белсен во Германија.
Нејзиниот татко подоцна го пронашол и го објавил нејзиниот
дневник, денес продаден во повеќе од милион примероци.