Холандски компании ги здружија силите и предложија амбициозно обележје за еден град - спирална кула, еколошка урбана атракција, која би можела да биде првата климатски-неутрална атракција во светот.
Компаниите „Кеј-си-ај“, „Бош Рекстрот“, „Хилебренд“ и „Норден лајт“ соработуваа на единствениот проект кој не само што служи како кула за набљудување туку и генерира обновлива енергија. Тимот со седиште во Холандија соработуваше со многу градови низ светот за лансирање на првата спирална кула. Овој пристап ги комбинира одржливоста и технологијата што на жителите ќе им даде извонредно искуство.
Моделирана по Лондонското око и Тркалото во Дубаи, спиралната кула ќе има од 4 до 16 патнички кабини.
- Иновативната конструкција им овозможува на автономните електрични кабини да ја обновуваат енергијата како електричен автомобил, магично вртејќи се. Прозорците од кабината ќе нудат информации за проширена реалност за местата што треба да се посетат во градот, историските најзначајни моменти, новите урбанистички активности и одржливите иницијативи - вели Питер Славенбург, директор на „Норден лајтс“, дизајнерска компанија што стои зад концептот.
Спиралната кула би била направена од лесна челична рамка и материјали што ќе имаат минимално влијание врз животната средина. За да ги исполнат климатски-неутралните цели, се користат соларни панели, вертикални градини и урбана ветерница на врвот. Интелигентен систем за контрола би управувал со кулата, а зградата може да вклучува хотел или канцеларии.
Секоја кабина, наречена „капсула“ поради својата сферична форма, може да собере 12 лица, со јасно одделени места како одговор на физичкото дистанцирање. Во зависност од висината на кулата, која ќе биде од 60 до 150 метри, возењето ќе биде од 3 до 10 минути. Возењето ќе нуди панорамски поглед од 360 степени, додека капсулите ќе се вртат нагоре и надолу. Дизајнерите проценуваат капацитет од 500.000 до 3 милиони посетители годишно.
Извор:
Inhabitat.com
Фото: Northern Light