X
 04.12.2020 Образование

Средба на проректорот на УКЛО со директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност за поголема Еразмус+ соработка

Денеска проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и институционален Еразмус + координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски, имаше средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, при работната посета на Агенцијата. На состанокот стана збор за досегашната академска мобилност на Универзитетот со цел интензивирање на соработката и поттикнување поголема Еразмус + соработка и размена на студенти и професори по завршување на пандемијата или со примена на алатките за електронска комуникација.

Договорено е идната недела УКЛО и Националната агенција за европски образовни програми заедно да организираат хибриден Еразмус + форум на кој ќе се разговара за идните планови и Еразмус +, како и за механизмите што се на располагање со координаторите на единиците, универзитетската канцеларија, продеканите за настава, меѓународна соработка и др. Директорот Ѓоргиевски на средбата, меѓу другото, нагласи дека за периодот што следува ќе имаме зголемен буџет, што Европската комисија го аплицира во Еразмус+ програмата и што од своја страна треба да  предизвика мотивирање на корисниците, програмските земји, меѓу кои е и Република Северна Македонија, за нивно соодветно искористување.

uklo

Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, институционален Еразмус+ координатор на УКЛО,  активностите што се преземаат се во функција на подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и се дел од севкупниот комплексен процес на  интернационализација.

Имајќи го предвид значењето на европските програми, оваа средба е еден од начините за  нејзина поголема промоција и приближување до непосредните корисници: студентите и професорите на УКЛО. Меѓу другото, на средбата се согледаа подготовките за формирање на Еразмус + Алумни на УКЛО.

(Комерцијална објава)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование