X
 04.12.2023

Ги запознаваме најдобрите научници на УКЛО во 2022/23: проф. д-р Иванка Нестороска, Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, по повод Меѓународниот ден на науката, ги прогласи најдобрите и најистакнати научници во академската 2022/23 во три категории.

Во втората категорија - најплоден научник на УКЛО - критериум за селекција беше бројот на објавени трудови во Scopus базата на податоци во академската 2022/2023.

Во оваа категорија пофалница ѝ беше доделена нa проф. д-р Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид за објавени 2 труда во Scopus базата на податоци.

Како гледате на иницијативата на УКЛО за избор на најдобри научници на Универзитетот?


Добра иницијатива за поттикнување на научноистражувачките активности на наставниот кадар.

Кое е Вашето најголемо достигнување во полето на науката? Кој е Вашиот следен предизвик?

Истражување за подобрување на вештините на наставниот кадар и истражување на современите процеси во одржливиот развој на туристичките дестинации.

Што значи да се биде научник и што, според Вас, треба да се направи за да се овозможат попродуктивни процеси на научно инвестирање?

Придонес во полето на индивидуалниот научен интерес, со што се придонесува во развојот на универзитетската средина и општеството, а со збогатување на личното знаење кое треба да им се пренесува на студентите тие секогаш да имаат можност да ги сознаваат современите достигнувања и процеси во полето во кое студираат.
За да се овозможат попродуктивни научни процеси, УКЛО треба посериозно да се посвети на ова поле, пред сè, да има фонд за инвестирање на научноистражувачки проекти со што ќе се збогати универзитетската активност во науката.

uklo

Поддршката во науката е поддршка на развојот на општеството. Во таа смисла, што ќе им порачате на Вашите колеги, пријатели и на студентите на УКЛО?

Секој треба да се посвети на надградување и збогатување на своето знаење, само така ќе придонесеме во развојот на нашиот универзитет и нашата заедница.

Може ли да ни откриете што Ве прави среќни?

Семејството, природата, патувањата и музиката.

Дали имате идеја водилка, мото што Ви дава силна инспирација?

Уште од мала, баба ми секогаш ми велеше: К’о ќе се фатиш за оро, доиграј го докрај! Па кога ќе се зафатам нешто да правам, без разлика за што станува збор, не се откажувам додека не го завршам.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk